Родена на 18.04.1872 во Бамберг, Германија како Бабет Бахмејер, почината на 31.10.1972 во Белград. Бета Вукановиќ се смета за еден он најважните Српски импресионисти на отворен простор. Го започнува своето ликовно образование во 1890 во приватната ликовна школа на Карл Мар и Антон Ажбе во Минхен. Таму го сретнува својот иден сопруг и инспирација Риста Вукановиќ. Се селат заедно во Белград каде што во 1899та година ја менаџираат првата Српска сликарска школа. Бета Вукановиќ цртала на отворено и нејзините дела носат јарка и светла импресионистичка палета. Кога импресионизмот ја загубил својата снага, Вукановиш се свртува кон реализмот. Изложувала во Рим (1902), Минхен , Париз (1900), итн.
Бета Вукановиќ ја посетува Македонија за време на Првата Светска Војна, кога патувала заедно со Српската војска кон солунскиот фронт. За жал, скоро сите нејзини цртежи и акварели од Солунскиот фронт се уништени или загубени. После војната имала изложба во Скопје во 1926 година. Викановиќ била усто учител на некои од најпознатите Македонски сликари како Љубомир Белогаски и Вангел Коџоман.