Етјен Андре Валентин (1893-1940), Французин

Роден во Париз на 20.01.1893, починал во Рен во 1940. Внук е на познатиот Француски скулптор Жан Мари Валентин (1823-1896) и син на професорот по цртање и вајарство Алфред Валентин (1862-1928). Етјен Валентин бил Француски војник и сликар. Регрутиран е во Француската армија во Ноември 1913, во 32риот  Артилериски реџимент во Фонтаинблу. Со почеток на Првата Светска Војна, се бори на Францускиот фронт помеѓу 1914-1917, потоа во Македонија во 1918 и во Унгарија 1919. За времето на неговиот воен рок, креирал голем број на цртежи со молив претставувајќи ги луѓето и местата зафатени со виорот на војната. Овие цртежи се извонреден докимент за воените времиња. Во Македонија претстојувал во Битола, Солун, Македонски Брод и селото Мегленци на север од Битола каде што Француската артилерија ги напаѓала Италианските ровови. Умира од последиците на туберкулоза која ја добил за време на служењето на војниот рок. За неговата необична животна приказна Македонското научно друштво Битола и АЛДА-Скопје го снимија документарниот филм „Уметникот од Фронтот – Валентин“

Сцени од Битола, цртеж со молив
Сцени од Битола, цртеж со молив
Сцени од Битола, цртеж со молив
Сцени од Битола, цртеж со молив

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Наспроти судбината
Приказни

Наспроти судбината

„Кога животот ќе фрла лимони по вас, фрлете му ги лимоните назад“ е мисла која американскиот писател и предавач Дејл Карнеги ја напишал во својата

Повеќе »

Следете не