Родена на 18.12.1887 во Кале, живеела и работела во Париз. Била студент на Хумберт и Шарл Фукре, како и на Националната Школа за Ликовни Уметности во Париз. Изложувала во Салонот на Француски Артисти од 1911 година. Била под големо влијание на стилот на Шарл Фукре и сликала воглавно историски сцени. Од 1921 започнува со патување, претежно низ Северна Африка, но исто како и Шарл Фукре, ја посетила и Отиманската Империја.
Во нејзината кариера, беше најмена да ги декорира Гувернерската Палата на Дакар, Туниската палата и Музејот на колонии, каде што изложуваше во 1931 година.
Gо посетува Солун околу 1930 година, каде прави неколку слики. Една маслена слика “Акрополата во Солун„, продадена од аукциската куќа Machoir-Bailly, Версај, Франција на 17.06.1992 (обј. Број 108). Друга со наслов Fontaine a Yeni-Koulé-Salonique го продава аукциската куќа Artcurial France на 12.05.2015 година (лот број 27). Неколку нејзини солунски дела се исто така во колекцијата на Музејот на уметност Данеш, Њујорк, САД.