Роден на 05.02.1890 во село Свиштов, починал на 23.06.1962 во Софија. Од 1905, живее во Франција каде што студирал на Академијата за Декоративни Уметности во Париз во класата на професор Пол Реноар и проф. Манжан. Танев е еден од нај проминентните Бугарски сликари. Имал повеќе од 28 соло изложби во Бугарија и 27 во Италија, Франција, Германија, Шпанија, Шведска, Романија, итн. Партиципирал на голем број колективни изложби во Бугарија истранство. Работел во разни стилови, но најмногу претпочитал сликање пејсажи.
Танев ја посетил Македонија за време на Првата Светска Војна како официјален воен сликар. Два акварели од тој период “Манастирот Свети Архангел Михаил во Прилеп 1916„ и “Манастир Свети Јован на Охридско Езеро 1918„ се продадени од аукциската куќа Викторија во Софија.