Роден на 01.12.1898 во Париз, починал на 07.03.1988 во Париз., Гастон Суис се смета, заедно со Пол Жув, за еден од најважни Француски сликари на природа и животни. Во 1913 дипломира на Школата за Декоративна Уметност во Париз. Стапува во контакт со сликарон на животни и природа Пол Жув и веднаш донесува одлука да се посвети целосно на овој сликарски стил. Заедно со Пол Жув сликата голем број на животни во зоолошките градини во Антверпен и Хамбург.

Гастон Суис е мобилизиран во Француската армија во 1914та година и испратен на фронтот во Вердун, а подоцна во Солун, Македонија. Таму го сретнува Пол Жув и двајцата креираат голем број на цртежи со крејон и акварели од пејсажите и дневниот живот на луѓето од Солун, Монастир (Битола), Преспа и околината.

После војната, неговата кариера експлодирува од успех. Се сметал за водечки артист од стилот Арт-Деко. Во 1920тите години имал неколку студиски патувања и ја декорира палатата Алхамбра во Алжир. Денес неговите дела се наоѓаат во водечките светски музеи како на пример Музејот на Модерна Уметност во Париз, Војниот Музеј во Париз, Хотелот на Инвалидите во Париз, Музејот за Ликовна Уметност во Брисел, итн.

Кулата во Крани, Преспанско езером 1917м дрворез во боја
Кулата во Крани, Преспанско езером 1917м дрворез во боја
Улица во Македонско село 916, дрворез и Улица во Солун 1916, крејон
Улица во Македонско село 916, дрворез и Улица во Солун 1916, крејон
Улица во Македонско село 916, дрворез и Улица во Солун 1916, крејон
Улица во Македонско село 916, дрворез и Улица во Солун 1916, крејон

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Ликовната галерија во Империјаниот воен музеј во Лондон, 2018
Приказни

Браќа со оружје

          Империјалниот воен mузеј, Лондон, 2018 година. Се спрема големата изложба со наслов „Да не заборавиме“ (Lest we forget) по повод 

Повеќе »

Следете не