Помладиот брат на Сер Стенли Спенсер, роден на 04.08.1892 во Кукхам, Беркшир, починал на 14.01.1979. Студирал сликарство на Школото за применета уметност во Камбервел, Кралскиот Ликовен Колеџ (дрвопис) 1911-12, и на ликовната школа Слејд 1913-15. За време на Првата Светска Војна служел во Кралските Болнички Единици најпрво во Бристол (со брат му Стенли на кратко) во Солун, Македонија и на источниот Медитеран. После војната се враќа на школото Слејд. Подоцна станува професор по ликовна уметност на Кралскиот Ликовен Колеџ (1932-1948), Декан на Отсекот за Сликарство на Ликовнато Училиште во Глазгов 1948-50 и Декан за Сликарство на Камбервелското Училиште за применета Уметност 1950-70. Бил и офоцјален воен сликар во Втората Светска Војна во периодот 1940-43.

Гилберт Спенсер ја посетува Македонија со Кралските Болнички Трупи помеѓу 1915-17, после што заминува во Египет, непосредно после заминувањето на брат му од Солун. Бил стациониран во 28мата Генерална Полска Билница во Дудула со Британските Медитерански Експедициски сили. Креира серија на акварели и цртежи со дневник сцени од Македонскиот фронт. Еден акварел од таа серија е “Сестрите пристигнуваат во 28та генерална болница, Солун, Декември 1915„ продаден од аукциската куќа Sotheby’s  од Лондон на 21.06.2000 (обј. број 18)

Сестрите пристигнуваат во 28мата генерална болница, Солун, Декември 1915, акварел
Сестрите пристигнуваат во 28мата генерална болница, Солун, Декември 1915, акварел

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Следете не