Роден и починат во Софија. Студирал на Ликовната Академија во Софија од 1906та. Во 1909 заминува за Москва. Ја има првата соло изложба во 1911. Бил воен сликар во периодот 1912-13 како и во 1917. Бил најмногу познат како врвен Бугарски аквателист,кој преферирал да црта пејсажи од Рила и планината Пирин, Софија и Трновскиот регион. Неговите дела се изложени на изложби во Бугарија, Чешка Република, Венцеија, Германија и Унгаруја.
Константин Штаркелов ја посетува Македонија во повеќе наврати, воглавно како официјален воен сликар за време на Првата Светска Војна. Еден пример од неговите Македонски дела е акварелот наречен “Лешок 1917„ продаден од аукциската куќа Викторија од Софија. Друг промер на негово Македонско дело е акварелот „Македонка 1926“ кое е во колекцијата на Гратската Галериа на Пловдив, Бугарија.