Рудолф Швајцер- Кумпана (1886-1975), Романец / Германец

Романски сликар со Германски етнички корени. Роден е на 07.05.1886 во Питести, починал на 17.02.1975 во Букурешт. Студирал сликарство на Берлинската Кралска Ликовна Академија во класата на професор Рудолф Шлабиц. По студиите, се враќа во Романија во 1909 и го служи својот воен рок. Започнува да изложува во Букурешто редовно од 1913та година. Од тогаш, неговото значение за Романската ликовна уметност постојано расте.

Во 1929та година, патува 3 месеци низ Македонија, Грција и Турција. Перманентното изложување на Медитеранските бои и животе стил имаат трајно влијание во уметничкиот стил и палетата на овој уметник. Изработува околу 113 масла на платно и 27 цртежи за време на своето патување. Помеѓу двете светски војни, изложувал во Париз и дриуги Европски метрополи. По војната бил професор на Романската Ликовна Академија во Букурешт. Повеќе информации за овој уметник можат да се најдат на :http://rudolfschweitzercumpana.com

Македонски жетвари 1929, масло на платно
Македонски жетвари 1929, масло на платно

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Учителот од Охрид
Приказни

Учителот од Охрид

Проектот „Лексикон“ започна една декемвриска вечер во 2004 година. Семејството спиеше, а јас се забавував со моето омилено вечерно хоби – барање интересни слики на

Повеќе »

Следете не