Рудолф Шефлер (1884-1973), Германец / Американец

Роден во Звикау, Германија во 1884, починал во Валеј котиџ, Нујорк, САД во 1973. Студирал на Кралската Ликовна Академија во Дрезден. На академијата станува добар пријател на Макс Пехштајн. Добитник е на неколку ликовни награди: сребрен медал во 1912, Голема Награда на Рим 1913 итн. Има студиски патувања во Париз 1908, Рим и Фиренца 1909 и Холандија 1913. Во 1921 бил учител по сликарство на Ликовната Академија во Дрезден и бил познат како еден од најдобрите сликари на портрети во Дрезденскиот џет-сет. Заминува за САД во 1924 каде што основа студио во Бруклин Хајтс, Њујорк. Кога пристигнал во САД бил веќе познат како водечки муралист (вклучувајќи ги и муралите во Охајо и Синсинати во 1932) и креирал мозаици како и композиции од стакло за црквите, синагогите и јавните згради во 19 Американски држави. Ги креирал и главните мозаици во катедралата во Сент Луис и мозаиците во јавните згради во Колумбус, Охајо.

Во колекцијата на Американскиот Смитсониан Музеј на Уметност во Вашингтон ДЦ, постои масло на  платно насловено “ Ориентална Кафана, Ушкуб, Јужна Македонија„ – која е интериорна сцена со три седечки машки фигури кои пушат на маса пред светол прозорец. Оваа слика е фотографирана во книгата од Петер Х. Фалк “Рудолф Шефлер 1884-1973„ од  издавачот  Madison, CT, Sound View Press 1989.

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Gustav Wunderwald (1882-1945) “Авто портрет” масло на платно
Приказни

Вундервалд

          Берлин 24 јуни 1945 година. Поминаа 53 дена од крајот на Битката за Берлин. Руската црвена армија ја порази одбраната

Повеќе »

Следете не