Роден е во Мелбурн 1899, починал во Фелдафинг, Минхен, Германија во 1987. Охрабрен од своите родители, Тео Шарф е третиран како многу талентирано дете, и ја има својата прва изложба на 14 годишна возраст. Приходите од изложбата му овозможиле остварување на негоиот сон да патува и студира во странство. Емигрирал во Минхен, Германија во 1914 и станува сликар, графичар и илустратор. Во раните 1920ти години, го изработува своето најпознато дело “Ноќ во Градот„ (портфолио од 20 бакрорези),. Шраф подоцна станува воен сликар на нацистичка Германија и со исклучок на 6 месечен престој во Мелбурн во 1950тите години, Германија му е негов дом до крајот на животот.
Тео Шраф ја посетува Македонија во 1943та година, како Германски нацистички сликар. Изработува колекција на цртежи и акварели кои воглавно прикажувале маслинови дрвја и луѓе од Солунскиот регион. Подетални информации за овој уметник можат да се најдат од биографијата на уметникот овозможена од Art Galleryof South Wales.