Роден на 19.01.1892 во Вунсидел, починал на 20.02.1945 во Ватерсдорф. Во 1908ма се сели во Минхен каде што го посетува Ликовното штоло а подоцна се запишува на Ликовната Академија. Го продолжува своето ликовно образование на Академијата на Ликовни Уметности во Берлин каде што го усвојува пост-импресионистичкиот стил. Најчесто цртал пејсажи. За време на Првата Светска Војна бил воен сликар и илустратор на Германски воени весници.
Сатлер ја посетува Македонија заедно со Германските трупи во 1917та година, каде што ги следел Германските и Бугарските трупи во нивните битки крај Велес, Прилеп и Вардарската долина. Едно типично дело на Сатлер од овој период е акварелната илустрација “ Српски фронт – Бугарските трупи го ослободуваат Велес„ кое што е во приватната колекција на авторот на оваа книга.