Роден на 12.06.1892 во Амели-Беинс. Живеел и работел во Париз. Студент на Кормон. Во 1936 се сели во Грција. Подоцна во својата кариера бил признат илустратор на книги (ги илустрирал книгите на Балзак, Виктор Иго, итн.) и директор на издавачката куќа Éditions Grasset . Неговите слики се наоѓаат во Музејот на Модерна Уметност во Париз и во Гратската Колекција на Париз.
Салват бил војник во Француската армија во Македонија во Првата Светска Војна. Едно дело од тој период е парот акварели „Прилеп 1918“ продадени од аукциската куќа Jack-Phillipe Ruellan од Франција на 31.3.201 ( објект број 44). Неговата слика “Заливот во Солун 1935„ масло на панел, е продадена од аукциската куќа Pillon Callais од Франција на 07.02.2000 (објект број 259).