Хајнрих Рихтер-Берлин (1884-1981), Германец

Роден на 23.04.1884 во Берлин, починал на 26.01.1981 во Берлин. Хајнрих Рихтер-Берлин е Германски сценски уметник и сликар кој што студирал на Берлинската Ликовна Академија во 1902/3 и во таа година учествувал во познатото артистичко движење “Берлински Сецесионисти„ со што бил избркан од Академијата. За време на 1909/10 живеел и работел во Париз заедно со Пикасо, Брак и Ото Фрундлих. Заедно со Макс Пехштајн, Карл Шмит-Ротлуф и Георг
Таперт го формираат движењето “Нова Сецесија„ како и “Ноемвриската Група„. Работел и како графички дизајнер за познатиот магазин “Sturm”  а подоцна во 1920 и како филмски декоратор во филмовите “Чекори во ноќта„ (1920) и “Јанус„ (1920). Бил лабелиран од нацистите како “Дегенериран Уметник„ и прогонет за време на нацистичките години.

Хајнрих Рихтер Берлин служел војска во Германската пилотска единица стационирана во Македонија помеѓу 1914-1918. Воглавно бил стациониран во Скопје и Велес. За време на неговиот престој, нацртал повеќе од 150 акварели и цртежи со туш од локални сцени во Скопје, нацртани во силен експресионистички и кубистички стил . За време на неговиот престој се сретнал со Вијхелм Моргнер во Скопје во 1916та година. Моргнер бил исто така член на “Новите Сецесионисти„ и добар пријател на Рихтер-Берлин. Неколку акварели на Рихтер-Берлин од Скопје 1917та година се во колекцијата на авторот на книгава.

Ушкуб 1917, акварели
Ушкуб 1917, акварели
Ушкуб 1917, акварели
Ушкуб 1917, акварели
Heinrich Richter-Berlin (1884-1981) Стар Македонец
Heinrich Richter-Berlin (1884-1981) Стар Македонец
Heinrich Richter-Berlin (1884-1981) Селани пред куќа 1916, акварел
Heinrich Richter-Berlin (1884-1981) Селани пред куќа 1916, акварел
Пред џамијата, Ушкуб 1916 и Три Македонки на изворот 1916, акварели
Пред џамијата, Ушкуб 1916 и Три Македонки на изворот 1916, акварели
Пред џамијата, Ушкуб 1916 и Три Македонки на изворот 1916, акварели
Пред џамијата, Ушкуб 1916 и Три Македонки на изворот 1916, акварели

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

1958 година - Историска година за македонската кинематографија.
Приказни

Аферата „Мис Стон“

1958 година – Историска година за македонската кинематографија. „Мис Стон“ – првиот македонски и југословенски филм во боја, снимен со, за тогашни услови, напредната оптичка

Повеќе »

Следете не