Студирал керамика на Ликовната Академија во Софија во класата на професор Стојан Димитров. Специјализирал на Државниот Конзерваториум во Париз под водство на проф. Мано. Имал изложби во периодот 1928-1935 во Прага, Брисел, Париз, Москва, Берлин и други градови. Подоцна бил професор на Керамичката Академија во Софија од 1952 до 1960.  Стојан Раинов ја посетува Македонија околу 1918та, каде насликал акварели од Охридскиот регион. Еден акварел насловен како “Пејсаж од Охрид„ е продаден од аукциската куќа Викторија од Софија во Декември 2009.

Пејсаж од Охрид 1918, акварел
Пејсаж од Охрид 1918, акварел

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Дегенерираните
Приказни

Дегенерираните

Академијата за ликовни уметности Виена (Akademie der bildenden Künste Wien) е основана во 1692 година како австриски одговор на Рим (Accademia di San Luca) и

Повеќе »

Следете не