Роден во Борго Сан Донино (Фиденза) на 26.10.1902 година, починал во Фиденза на 31.01.1992 година. Студирал на Уметничкиот институт Паоло Тоши во Парма со Паоло Барата, Гидо Марусиг и Пиетро Берзола, а се стекнал со диплома во 1934 година.

Во 1936 и 1937 година бил во Воената академија во Салерно. Учествувал заедно со неговиот пријател Оресте Емануели, друг сликар од Фиденза, во второто издание на националниот натпревар Чита ди Кремона.

На почетокот на Втората Светска Војна е повикан во воена служба и испратен  во Албанија на 5.1.1941. Останал на Балканот, учествувајќи во воени операции до 9.09.1943 г. за што добива Крст на Заслуги. Бројни дела на сликарство се зачувани од овој период: албански пејзажи, портрети и сцени со живот.

На 8 септември 1943 година бил во Берат (Албанија) и четири месеци живеел во илегала во планините во состојба на Партизан. На 31 декември, заробен од прогерманските лојалисти, бил  предаден на Германците во Елбасан.

На 30 јануари 1944 година тој бил примен во концентрациониот логор „Семлин“ во Белград поради болка во левиот белодроб и висока температура. Бил отпуштен во март истата година и префрлен во болничкиот брод кон Виена по должината на Дунав, за потоа да биде пренесен во концентрациониот логор Витсендорф. каде остана до крајот на конфликтот во април 1945 година. За ова искуство ќе му биде доделен втор Крст за заслуги. Ова горчливо искуство е документирано во околу 40 дела со молив и акварел.

Се враќа во Италија во Август 1945 година каде што го наоѓа својот град ранет од воздушно бомбардирање, а неговата куќа е уништена. Се населува со семејството во разрушена палата поставена во преградата на апсидата на катедралата. Оваа животна епизона му дава моќност да ги слика состојбите на спомениците и околината после разрушувањето на војната.

Понзи е сликар на пејзажи и портрети. Предавал во средните училишта на Пјаченца, Фиорензула, Салсомагиоре и Фиденза. Член на епархиската комисија за света уметност, тој беше награден во 1983 година со титула за командант на папскиот поредок на Сан Грегорио Магно.

 

Еторе Понзи бил во албанскиот дел на Македонија и охридскиот регион во воените години од 1941-1943 година каде ги насликал луѓето во традиционална облека, цркви, манастири, џамии и на Корча, Охрид и соседните села.

Повеќе информации: http://www.ponziettore.it/albania.html

Охрид 1943, масло на панел
Охрид 1943, масло на панел
албанија Корча со планината Морав 1942, масло на панел
албанија Корча со планината Морав 1942, масло на панел
Македонски девојки 1942, масло на панел
Македонски девојки 1942, масло на панел
Македонски девојки 1942, масло на панел
Македонски девојки 1942, масло на панел
албанија Корча со планината Морав 1942, масло на панел
албанија Корча со планината Морав 1942, масло на панел

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Учителот од Охрид
Приказни

Учителот од Охрид

Проектот „Лексикон“ започна една декемвриска вечер во 2004 година. Семејството спиеше, а јас се забавував со моето омилено вечерно хоби – барање интересни слики на

Повеќе »

Следете не