Арман Поинт (1860-1932), Французин/Алжирец

Роден во Алжир на 23.10.1861 починал во Марлот, Франција во Март 1932. Арман Поинт бил многу познат Француски симболистички сликар и дизајнер. Ја започнал својата уметничка кариера цртајќи Алжирски сцени од детството, доловувајќи Ориентални композиции, како што се пазари и музичари, со препознатлива прецизност. Во 1888 оди за Париз да студира сликарство на Академијата на Ликовни Уметности, во класата на Аугуст Херст  и Фенанд Кормон. Изложувал во Национално Друштво на Ликовни Уметности од 1890та година. Во 1893та ја формира значајната уметничка група Haute Claire во близин ана Фонтаинблу, која станува центар на Францускиот симболизам и во која членуваат врвни симболисти како на пример Оскар Вајлд, Одилон Редон, Стефан Маларм и Стуарт Мерил. Неговите слики можат да се најдат во музејот Д’Орси во Париз. Арман Поинт ја посетил Македонија за време на Големата Војна во 1916 кога го нацртал акварелот “Носач на вода, Лерин„, продаден од аукциската куќа Ader Remy од Париз, на 05.12.2007 (објект број 52).

Носач на вода во Лерин, 1916, акварел
Носач на вода во Лерин, 1916, акварел

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Следете не