Роден во Швабенице на 14.07.1887, починал во Вишков во 1963. Дипломиран во 1913та година на Ликовната Академија во Прага, во класата на Х.Швајгер и М. Пирнер. Имал студиски престој во Италија во 1914та година. Во Првата Светска Војна слижи војска во Русија. После војната патува во Јапонија (1919), Полска (1933) и на Балканот (1936). Сликал фигуративни композиции, пејсажи, фолкорни сцени а работел исто како илустратор на книги.
Петр Пиштелка претстојувал во Македонија во 1940та година, кога ја направил литографијата “Сцена од Пазарот во Скопје, 1940„. Во колекција на авторот на овој лексикон