Роден во Нарбона на 14.08.1878, починал во Мас-Грение во 1961. Аматер фотограф и сликар. Студирал литература и филозофија на Семинарот во Нарбона. Сакал да биде професионален сликар, но под притисок од фамилијата студира медицина во Тулуз. Почнува да фотографира и црта акварели најпрво во неговото патување во Тунис, а  потоа и за време на Првата Светска Војна , каде што служи во Француската војска во воената болница во Солун. За неговата служба во болницата, се здобива со медал. После Првата Слетска Војна работи и живее во Мас-Грение.

Пигасу бил во Македонија во периодот 1915-1917, најпрво на фронтот во Северна Македонија заедно со Српската војска, каде што изработува серија на фотографии од регионите околу Струмица и Вардарската долина, а потоа и во Солун, каде што слика акварели и фотографира Солунски градски сцени. Овие дела можат да се најдат на веб страницата на неговата фамилија:

https://joseph-pigassou.blog4ever.com/

Црква Света Катарина ( поранешна турска џамија) 1917, акварел
Црква Света Катарина ( поранешна турска џамија) 1917, акварел
Српска војска на Северно Македонскиот фронт 1915, фотографија
Српска војска на Северно Македонскиот фронт 1915, фотографија

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Следете не