Надежда Петровиќ е една од нај проминентните Српски сликари. Родена е во Чачак во 1873та година. Заполнала со нејзиното ликовно образование во Белград во 1891 во Женската Гимназија а потоа и во Цртачкото школо. Подоцна станува студент на Џорџе Крстиќ и помеѓу 1896/97 ја посетува сликарската школа на Кирил Кутлик. Студирала на Ликовната Академија во Минхен под водство на Антон Ажбе и подоцна на Јулиус Екстер. Се враќа во Србија во 1903. Ова е почеток на нејзиниот “Српски период„ каде што таа ги организира здруженијата “Лада„ и “Прва Југословенска Сликарска Колонија„. По нејзиниот претстој во Париз во 1911, се враќа повторно во Белград каде што отвора сликарско школо.Во периодот 1901-1911, ја посетува Македонија неколку пати каде што ги слика фолкорните мотиви и луѓето. Со почеток на Балканската војна, волонтира во Српската војска и нејзинот ликовен стил станува патриотски. Во 1915 ја насликува сликата “Душанов Мост во Скопје„. За време на нејзиниот Македонски претстој, соработува со Паја Јовановиќ. Набрзо после тоа се разболува од тифус и умира во болницата во Ваљево..