Сидни Денант Мос (1885-1946), Британец/ Шкотланѓанец

Роден во Ипсвич. Бил сликар на пејсажи и градски сцени во акварелна техника. Изложувал повеќе од 150 негови дела, меѓу кои кај Галеријата Beaux Arts, Друштвото на Ликовни Уметности,  Институтор во Глазгов, галеријата Walker,  Ливерпул, и во голем број значајни институции во Лондoн, акко на пример Кралската Ликовна Академија,  Кралското Друштво на Ликовни Уметници, Кралскиот Институт на Сликари во акварелна техника, Кралското Друштво на Сликари во Маслена техника. Бил избран за полноправен член на Кралското Друштво на Ликовни Уметници. Мос сликал претежно сцени од Лондон и Сасекс. Патувал низ Средниот Исток а подоцна живеел во Лондон. Од 1920та година живее на Танбриџ Велс каде што и умира на 22.12.1946.

Војникот Сидни Д. Мос, служел војска во  95тата Компаниска трудова единица, во 6тиот Батаљон на Лондонскиот Реџимент (Кралските Воени Медицински Трупи) и во 84тата Полска Амбулантна единица во Франција и на Солунскиот фронт. Во периодор од неговата војна служба на Солунскиот фронт, нацртал серија на цртежи и акварели кои го отсликувале дневниот армиски живот, сцени од Солун и Македонски пејсажи. Акварелот насловен како “Поглед на Долината Струма со планината Беласица 1919„ е во сопственост на авторот на книгава.

Поглед на долината Струма, со планината Беласиц во позадина 1919, акварел
Поглед на долината Струма, со планината Беласиц во позадина 1919, акварел
Солунскиот залив 1917, цртеж со молив
Солунскиот залив 1917, цртеж со молив
Солунскиот залив 1917, цртеж со молив
Солунскиот залив 1917, цртеж со молив

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Дегенерираните
Приказни

Дегенерираните

Академијата за ликовни уметности Виена (Akademie der bildenden Künste Wien) е основана во 1692 година како австриски одговор на Рим (Accademia di San Luca) и

Повеќе »

Следете не