Роден на на 19.10.1876 во Крушевац, починал на 15.08.1946 во Белград. Милан Миловановиќ бил извонредно образован сликар за тоа време. Поминал низ четири школи, имал скоро 10 различни учители и дипломирал на две академии, започнувајќи од Кикил Кутлик во 1895-96, А.Ажбе во Минхен 1897, Минхенската Ликовна Академија каде што дипломира во 1902 и Академијата Колариси и Академијата на Ликовни Уметности во Париз 1902-1906. Сликите што ги направил во Јужна Србија, Македонија и Планината Атос, и подоцна од островот Капри се едни од најрепрезентативните примери на Српскиот импресионизам. Ги студирал Српските средновековни споменици низ Балканот во 1908. Српското историско наследство му остава силен белег во неговиот ликоен стил. Бил воен сликар во периодот 1916-18. Работел како професор на Државното Ликово школо во Белград од 1933та година.
Миловановиќ ја посетува Македонија за прв пат во 1907, обиколувајќи ги манастирите и црквите и подоцна во 1917/18 како воен сликар. Неговат аслика “Мостот на Цар Душан во Скопје 1907“ се наоѓа во Музејот на Модерна Уметност во Белград и е уникатен м во стилот на Моне, пример на Српскиот импресионизам. Исто така сликата “Свети Наум во Охрид„ се наоѓа во уметничката колекција на Српското Собрание.