Роден на 06.05.1885 во Нови Сад, починал во 1942 во полициска акција. Студент на Риста Вукановиќ во Белград и подоцна студент на Ликовното школо во Будимпешта и Ликовната Академија во Минхен помеѓу 1908-12. Бил учител по сликарство во Призрен и Скопје до 1932ра година. Бил официјален воен сликар на Српската Армија за време на војните помеѓу 1912-1918 година.. Еден е од основачите на Друштвото на Сликарските Пријатели и Лсликарската Школа во Нови Сад. За време на неговиот престој во Скопје, насликал голем број пејсажи и градски сцени од Скопје. Дел од нив биле прикажани на изложбата во Нови Сад во 1932ра година, на пример делата “Улица Тутунџик„, “Улица Нови Сад„, “Беровска Улица„, итн.