Роден  во Шумен  на 31.01.876, починал во Хамбург на 20.05.1960. Никола Михајлов е еден од најзначајните Бугарски сликари. Студирал на Минхенската Ликовна Академија помеѓу 1896-1899 во класата на професор Ото Сајц и потоа земај во Монхен приватни часови помеѓу 1900 и 1902 во студиото на Хајнрих Книр. Работел на кратко во Бугарија до 1911та, каде што бил учител по сликарство и работел за Бугарското Министерство за Култура, после што се сели во Германија каде што живеел до 91921. После Германија, се сели во Латинска Америка (Бразил, Аргентина и Чиле) а живеел и во САД помеѓу 1924 и 1930та. Во овој период Михајлов бил сликар од “високото општество„ и често бил придружуван од филмски глумци или познати луѓе од Њујорк и Берлин. Бил познат по своите портрети. После војната се сели назад во Хамбург, Германија , а живеел исто така и во Стокхолм, Австралија , Њујорк и Сао Паоло.

Никола Михајлов ја посетил Македонија околу 1918тата каде што изработува неколку масла на платно во шаренолик Минхенски импресионистички стил . Овие слики биле на изложба во Германија. На пример сликата “Македонка„ која што била изложена во галеријата Keller &Reiner во Берлин во Јануари и Фебруари 1917добила позитивни реакции од ликовните критичари.

Скопје 1917, масло на платно
Скопје 1917, масло на платно

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Дегенерираните
Приказни

Дегенерираните

Академијата за ликовни уметности Виена (Akademie der bildenden Künste Wien) е основана во 1692 година како австриски одговор на Рим (Accademia di San Luca) и

Повеќе »

Следете не