Англиски воен сликар и журналист. Заввршил на Кралската Ликовна Академија во Лондон и работел како сликар, илустратор и новинар за магазинот “The Graphic” од Лондон, а исто така и како воен кореспондент и илустратор од војните во Ерменија, Грција, Турција, Египет, Италија и Јужна Африка. Починал на 10ти Мај 1903 во Аден, тогаш Британска колонија, денес град во Јемен, од компликации од ранувањето здобиено во текот на четири-месечмната опсада на Лејдисмит, Натал, Јужна Африка додека известувал од Втората Бурска Војна.
Вилиам Т. Мауд ја посетил Македонија два пати, еднаш како воен кореспондент од Грчко-Турската војна во 1897 и вториот пат во 1902 кога известувал за киднапирањето на Американската мисионерка Мис Стон. Ја сретнал Мис Стон и нејзините киднапери лично неколкупати и продуцирал акварели и скици од сцени од грабањето за Францускиот весник “L’Illustration”, и за Британскиот весник “The Graphic”, кои биле објавени како илустрации во вестите за Македонија од тоа време.