Роден во Шабац на 01.03.1885, починал во Белград на 07.04.1969. Бил првиот Српски фото-репортер. Неговите фотографии од Блаканските војни и Првата Светска Војна имаат бесценета документарна вредност. За време на Балканската војна во 1912, работи како уредник на Американскиот весник New York Herald за Европа. Оди на фронтот како воен кореспондент на Српската команда. Неговите репортажи и фотографии биле објавени во главните Европски весници. Са време на Првата Светска Војна ги фотографирал битките на Цер, Колубара и повлекувањето на Српската армија низ Албанија во 1915. Неговите фотографии од овој легендарен Српски марш се објавени во Париз, Лондон и Њујорк. Бил исто така и воен репортер од Солунскиот Фронт. После војната, работи во агенцијата Авала во бирото за надворешни работи. Во 1941 одбива да соработува со нацистите и оди во илегала. Ги направил легендарните фотографии на влегувањето на партизаните во Белград во 1944та година. После војната работел за новинската агенција ТАНЈУГ.