Роден и пораснат во Константинопол. Студирал на Грчкиот Православен Колеџ Фанар. Заминува за Париз во 1901 да студира иницијално архитектура. Во Париз одлучува да студира уметност, се до 1908та, под водство на Хенри Мартин. Во 1913 се враќа во Грција, најпрво во Солун а потоа во Атина. Во 1917 станува член на авантгардната ликовна група “Омада Технис“ која импортирала современи ликовни движења во Грција. Патувал темелно низ Грција, Западна Европа, Палестина и Египет. Освен со сликарство, бил исто така вмешан во јавни дебати за модернизирање на Грчкиот јазик. Го илустрирал првиот абецедар на модерниот Грчки јазик Демотики и пишивал ликовни статии и критики во голем број Грчки магазини. Бил награден од Грчката влада со највисоко признание за писменост и уметност. Починал во Атина во 1928та.
Константинос Малес живеел во Македонија , поточно во Солун помеѓу 1913та и 1917та година каде што насликува голем број Македонски пејсажи. Еден пример од тој период е маслото на платно насловено “Пејсаж во Северна Грција, најверојатно Халкедики 1914“, продадена од аукциската куќа Bonhams во Лондон на 10.11.2008 (обј. број 31) за 240 000 Британски фунти.