Роден и починат во Берлин, Руди Лесер бил Германски експресионист воглавно активен со акварелна и графичка техника. Бил студент на проф. Ханс Меид. Во 1933, емигрирал во Скадинавските земји (Данска и Шведска) за да избега од нацистичкиот режим. Од 1946 до 1956 живее во САД каде што работи како професор на универзитетот Ховард во Вашингтон ДЦ. После 1956 се враќа во Берлин каде што работи до крајот на животот.
Руди Лесер ја посетува Македонија кон крајот на 1950тите години. Од тоа време датира литографијата “Скопје 1961„ која денес е во сопственост на авторот на книгата.