Хелмут Херман Кромер (1891-1973), Германец

Роден во Оправа (Тропау) Полска на 17.09.1891, починал во Бостон, САД на 06.06.1973. Започнува со  часови по сликарство од академскито сликар Адолф Здразила во 1910. Кромер служел како доброволец една година во Кралската Германска пешадија, Првиот Регимент во Тропау и Мостар. Во Мостар, стапува во допир со чудниот и комплексен нов свет, кадешто Византиската, Источната и Словенската култура се помешале во една целина. Иваа импресија е рефлектирана во неговите први, и според критичарите, најдобри дела. За време на Балканските војни, поминува пола година на Балканот како кадет. Се врања на студиите во 1912 во Ликовната Академија во Виена, во класата на проф. Руди Бакер, Р.Јетмар и Шмид. Sтудиите му се прекинуваа со почетокот на Првата Светска Војна. Ранет е од шрапнел во 1914та и се опоравува во 1915. Ја посетува МАкедонија и Албанија во 1917та, каде што тешко се разболува од маларија. Се враѓа на студиите на кратко во 1918, но тогаш пак заболува тешко од Шпански грип. По некое чудо оздравува, и во 1919 ги продолжува ликовните студии на Националната Ликовна Академија во Баден Карлсруе. Во 1924та студиски патува во Италија и Грција. Во 1928 претстојува во Париз и во 1932 во Рига, по што се удомува во Берлин. Во Берлин работи како илустратор, писател и радио спикер. Кога Хитлер доаѓа на влас, одбива да се разведе од својата еврејска соприга и имигрира најпрво во Прага (1933), Југославија (1939), Велика Британија (1941) и на крај во Америка. Неговите Македонски дела биле дел од изложбата насловена “Југославија„ во Берлин во 1933та.

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Дегенерираните
Приказни

Дегенерираните

Академијата за ликовни уметности Виена (Akademie der bildenden Künste Wien) е основана во 1692 година како австриски одговор на Рим (Accademia di San Luca) и

Повеќе »

Следете не