Роден во Орловац крај Карлово на 21.07.1882, починал во Загреб на 24.10.1955. Кризман дипломирал на Трговското Школо во Загре и студирал графика и сликарство кај професорите Бела Чикоши-Сеси и Менци Клемент Црнчиќ. Помеѓу 1903-09 стурирал сликарство и графика на Ликовната Академија во Виена. Таму соработува и изложува со врвни Југословенски уметници:И. Мештровиќ, Надежда Петровиќ, М. Рачки, Грохар, Јама итн на Виенскиот “Хагенбунд„ и “Сецесии„. Подоцна пецијализирал во Минхен. Патувал низ Далмација, Босна, Косово и Македонија, воглавно сликајќи пејсажи и градски сцени. Од 1912 Кризман работи во Загреб, прво во Дрикарското школо и од 1922 как професор на Загребската Ликовна Академија. Иако сликари и со маслена техника, неговата ликовна репитација се должи воглавно на неговата графичка работа со бакрорези и литографии. Изложувал во Загреб, Љубљана, Белград и работел на припрема на книги. Бил еден од оснивачите на Пролетниот Салон, магазинот “Дело„ како и групата “Медулиќ„.
Томислав Кризман ја посетува Македонија неколку пати помеѓу 1912 и 1922. Креира две мапи со бакрорези и литографии со Мaкедонски мотиви кои се објавени во 1917 и 1918, а усто таке уште една комплетна мапа со Македонски дела е спремна во 1937 но за жал не е публицирана. Крижман гравира голем број на градски сцени од Скопје, Битола, Охрид, Тетово, Велес како и сцени со Македонски селани. Овие дела се денес во колекцијата на Националната и Универзитетска библиотека во Загерб, Хрватска, Националниот Музеј во Белград, Виена, Минхен , Париз и Рим.