Роден во село Адрианпол, Русија 1879, починал во Белград во 1955. Степан Колешников е еден од водечките Руски имигрантски сликари. Започнал со сликарски студии на Ликовното училиште во Одеса. Во класата на А. Попов и К. Костанди. Како најдобар студент, добил право да студира на Кралската Ликовна Академија без приемен испит. Бил студент на Илја Репин и А. Киселев на Академијата помеѓу 1903 и 1909. Добива златен медал во 1909 на изложбата во Минхен и лично гравира табакера за царот Николај Втори. Помеѓу 1909-1919, изложува во Берлин, Лондон, Рим и патува за Кина и Туркестан. По Револуцијата, Степан Федиорович Колешников имигрира во Белград, Србија, каде што работи како професор по цртање на Српско-Руската гимназија. Во 1920тите и 30тите години изложува во Прага, Париз, Брисел, Холандија и Лондон.
Степан Федорович Колешников направил повеќе студиски патувања до Македонија во периодот 1920-40. претежно во северниот дел. Еден пример од неговите Македонски дела е цртежот насловен “Пазар во Скопје„, во сопственост на уметничката галерија Маринкович во Москва, Русија.