Карол Калај е најзначаен претставник на Словачката фотографија. Роден е во Чадца во северна Словачка. Студирал економија во Братислава. Работи како професионален фотограф од 1945. Работел како фото-репортер, моден, патописен и уметнички фотограф. Соработувал со најпознатите магазини како на пример: GEO Hamburg, Stern Focus, Spiegel итн. Неговите фотографски колекции се објавени во 40-тина книги: Лос Ангелес, Њујорк, Токио, Мексико, Рим и Словачка. Добитник е на УНЕСКО наградата за книгите “Сонот за Словачка„ и “Лос Ангелес„. Основач е на фото агенцијата Bilderberg во Хамбург и член е на Меѓународната Федерација на Уметнички Фотографи во Швајцарија. Прогласен е за најдобар фотограф во светот во 1992.
Карол Калај ја посетува Македонија во 1958, каде што изработува серија на уметнички фотографии од Охридското езеро од Албанска страна. Фотографија “Албанија, Охридско Езеро 1958„ е продадена од аукциската куќа Villa Grisebach во Берлин на 24.11.2005 (обj. број 1231).