Паја Јовановиќ (Пол Јованович) њ реномиран Српски сликар и претставник на акаденскиот реализам. Роден е во Вршац во 1859. Студирал сликарство во Виена, и животот го поминува во патувања помеѓу Белград и Виена. Бил признат сликар на портрети, меѓу останатите, ги нацртал портретите на Автрискиот Император Франц Јозеф, Црногорскиот крал Никола, Александар Караџорџевиќ и претседателот на Југославија Тито. Исто цртал и сцени со национални мотиви и големи историски композиции со теми од националната Српска историја .
Паја Јовановиќ неколкупати ја посетува Македонија,. Во времето на неговите студиски години во Виена (1877-1880), ги поминува летата на југот – во Црна Гора, Јужна Србија, Косово и Северна Македонија каде што изработува серија на скици и цртежи од секојдневниот живот на луѓето. Во периодот 1912-1912, Јовановиќ патувал со Српската војска како фотограф и воен сликар. Во овој период слика голем број на цртежи , скици и фотографии, ан пример “Улица во Скопје„, “Транспорт на ранетите во Куманово„. “Полска болница во Куманово„, “После Кумановската битка„, итн.Во Октомври 1912 косле познатата битка за Куманово, Јовановиќ доаѓа во Скопје каде што се припрема за композицијата “Куманово за Косово„ или пак “Освета за Косово„  каде што се спријателува со Српскиот сликар Милутин Миланковиќ. Исто е интересно да се напомене дека во Македонија, Јовановиќ соработува  и со познатата Српска импресионистка Надежда Петровиќ.

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Дегенерираните
Приказни

Дегенерираните

Академијата за ликовни уметности Виена (Akademie der bildenden Künste Wien) е основана во 1692 година како австриски одговор на Рим (Accademia di San Luca) и

Повеќе »

Следете не