Мајсторството на дрворезот, кое е можеби најголемата македонска уметничка гордост, би било целосно загубено доколку во Македонија не дошол српскиот академски вајар Бранислав Јованчевиќ (1885-1949).

          Бисерите на македонската резба се создадени во првата половина на XIXтиот век од рацете на прочуените Мијачки мајстори од Дебар: Лесновски манастир (1814),  црквите св. Спас во Скопје (1824) и св. Никола во Крушево (1831), и во Бигорски манастир (1845).

          Првите две декади на ХХтиот биле пеколни за Македонија. По падот на Крушевската република, Османлиите вршеле безброј зулуми врз населението, потоа почнале Балканските војни , па Големата војна преплетена со пандемии на Маларија и Шпански грип. Младите генерации од копаничарите почнале да се иселуваат од Македонија. Традицијата на „дуборезот“ полека се гаснела.

          Бранислав Јованчевиќ е роден во Крагуевац на 25.IX.1885. Студирал на Ликовните академии во Будимпешта, Петроград, Рим и Минхен (1913-14), Живеел и имал свое атеље во Париз. Зборувал 12 различни јазици. Во време на Големата војна, како доброволец служи во Армијата на Ориентот кај познатиот генерал Франш Депере (Louis Franchet d’Espèrey). Директно од Париз оди на Кајмакчалан, Македонија. Во виорот на Војната, патот го носи до Охрид. Во Охрид  за прв пат го открива копаничарството како вековно искуство на обработка и украсување на дрво, и како драгоцена традиција за која Јованчевиќ одлучил  да се грижи.

          После војната, во 1925 година Јовановиќ доаѓа во Дебар каде што формира резбарско школо во кое имало 6 ученици.  Но школото мачи мака со финансии и со недоволен интерес за копаничарството кај младите. Во обид да го спаси школото, Јованчевиќ оди во  Охрид во 1928 и се сретнува со тогашниот Владика во Охрид, д-р Николај Велимировиќ – многу моќен човек и личен пријател на Крал Александар. Владиката Велимировиќ е воодушевен од оваа идеја, и во 1928 во Охрид се формира т.н. „Државна Машка Занатска Школа“.

          Школото се финансирало во рамките на Министерството за индустрија и трговија како системска поддршка за подеднаков развој на регионите во Кралска Југославија. Во Школата имало два смера: длаборез и иконографија. Наставата траела 4 години. Се учеле српско-хрватски јазик, математика, историја на уметност, познавање на технички материјали, пресметки и закон. Се славеле српските слави Видовден и Св. Сава со симитче, локум и пченица. Се органирале патувања до Св. Јован Бигорски, Дечани, Пеќ…во школото предавале познати сликари, на пример србинот Бранко Шотра (1909-1960), Бугаринот Марко Шивачев (1892-1946) и Кондмиров, Хрватот Мирослав Блажевиќ, Македонците Стефан Нестор, Љупчо Поп Стефанија,  Вангел Коџоман, Андон Дуков, итн.

          Охридското училиште го завршиле резбари,кои понатаму се усовршувале во Уметничката академија за вајарство во Белград, Загреб и др.Учениците кои го посетувале вечерното училиште за уметничка резба, можат да се поделат во неколку генерации:

          Прва генерација од 1928 година ја сочинувале Димче Пљаков работел и како столар, во атељето за резба во Белград (1912-1990 г), а работел и за владата, Народниот Херој Андон Дуков (род. 1910 , замрзнал во Кожуф во 1944 ); Славе Коцаре (род. 1912); Анастас (род.1910 г.) и Илија Копрови (род. 1908 г.). Копровци имале своја работилница, во која изработувале намештај за Пловдив (1943 г.).

          Втората генерација ја сочинувале Борис Тримчев (род. 1914 г.); Ѓоре Бочев (род. 1914 г.) и Хадиљ Пашо (род. 1911 г.). Третата генерација ја образувале Ѓорѓи Караца (род. 1916 г.); Перо Калајџиев (род. 1915 г.); Наум Донев (род.1915 г.); Славе Атанасов – Крстанче (род.1915 г.); Стефан Нестор (род. 1920 г.) и др.

          Четвртата генерација ја сочинувале резбарите Љупчо Поп – Стефанија (род. 1920 г.), Нури Асан (род. 1921 г.) , Каневче Апарух ( род.1916г.), Ставрев Анастас (род. 1916 г.). На четвртата генерација и припаѓа резбарот Димитри Јанков.

          Утрото на 19.XII.1949, Бранислав Јовaнчевиќ, или „БРАНЕ“ како што нагалено во викале охриѓани, загинува трагично во пожар во куќата во која живеел во Охрид.Човекот кој ја спасил вештината на македонското копаничарство од исчезнување , за жал сеуште нема ниту една мала спомен плоча во Охрид или Дебар.

Информации:

https://tvm.mk
https://forum.kajgana.com
http://eprints.ugd.edu.mk
https://mk.wikipedia.org
https://mk.wikipedia.org/wiki/
http://www.svetlosenki.com
http://politikin-zabavnik.co.rs
http://www.utrinski.com.mk
http://www.dmwc.org.mk

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

János Vaszary (Kaposvár, 1867 – Budapest, 1939), Караван со камили Скопје 1916, масло на платно во колекцијата на Националната галерија на Унгарија
Приказни

Камили во Скопје

          14 мај 2019 година. Се разбудив со нова порака од мојот Интернет пребарувач кој трага по „македонска“ уметност. Унгарската аукциска

Повеќе »

Следете не