Роден во 1879 во Видин , починал во 1966 во Софија. Студирал на Националното Ликовно Училиште во Софија, кај Проф. Иван Мрквичка, а потоа оди во Букурешт каде студира на Букурештката Ликовна Академија кај проф. Костанда и проф. Гропјано. Работи како воен сликар за време на Балканската и Двете Светски војни, и во таа функција патува низ Македонија во тие периоди. Во 1919 еден е од основачите на Бугарското Друштво на Независни Сликари. Во 1943 го посетува Охрид каде што ја прави сликата “Самоиловата Тврдина 1942“ која денес е во колекцијата на Бугарската Народна Банка. После 1944тата година, ставен е на т.н. “Црна Листа“ на сликари од страна на комунистите. Неговите дела се отстранети од сите јавни места. Во 2002, е откриена колекција од 18 непознати акватели нацртани во Македонија за време на Првата Светска Војна. Во лудилото на Големата Војна, Иванов црта интимни и тивки Македонски сцени од Охрид, Скопје, Македонските манастири, куќи, пазари и луѓе. Дел од овие дела се продадени од аукциската куќа Викторија од Софија.
Приказни
Вундервалд
Берлин 24 јуни 1945 година. Поминаа 53 дена од крајот на Битката за Берлин. Руската црвена армија ја порази одбраната