Роден на 23-11-1905 во Црквеница, починал 07-03-1961 во Белград. Студирал во 1927 на Белградската Ликовна Академија, ученик на Љ.Ивановиќ и М.Миловановиќ. Имал студентски патувања до Париз во 1928 каде што изложува заедно со други Југословенски сликари. Член на “Облик„ и “Независни„. Неговиот стил варира од Српски импресионизам до реалистички пристап.
Хутер ја посетува Македонија во 1940тите години. Едно Македонско дело е сликата “Охрид„ продадено од аукциската куќа Mad’l Art од Белград на 29-09-2009 за 900 евра.