Роден на 15ти Јули 1896 во Виена, починал на 26ти Септември 1960 во Виена. Започнува со изложување во 1919 во Лиговното стружение. Во 1920 станува член на Виенскиот “Sonderbund” а во 1930 член на Виенскиоте Сецесионисти. Патува во Далмација, Палестина, Тунис, Јужна Америка, Перу, Чиле, Колумбија и Норвешка. Неговите слики се наоѓаат во Историскиот Музеј на Виена, Австриската Ликовна Галерија во Виена, музејот Албертина и Мајнхеим, и музеите на Бремен и Нирнберг во Германија. Признат е и на домашно и на интернационално ниво. Добитник е на сребрениот медал на Геррманската ликовна изложба во 1928 и на Австриската Национална награда во 1932.
Ернст Хубер ја посетил Егејска Македонија, поточно Костурскиот регионот во 1920 како деј на неговите медитерански патувања. Изработил серија акварели со пејсажи од Костур. Еден акварел од оваа серија е продаден од аукциската куќа Wiener Kunstauktionen, во Виена на 21-05-2000 ( објект број 475).