Роден и починат во Дрезден (загинува во последните часови од Втората Светска Војна од залутан куршум), Германија каде што го поминува целиот живот. Студирал сликарство на Академијата на Ликовни Уметности во Дрезден, како студент на Баузер и Брахт. Ханел понекогаш демонстрирал фигуративен стил, меѓутоа не бил познат по традиционално фигуративно сликарство или сликање портрети  како што е случај со повеќето Германски сликари од негово време. Ханел е воглавно познат како сликар на животни, но во неговите рани дела се појавуваат и градски сцени од ноќниот живот во Париз. Бил добитник на голем број уметнички награди, вклучувајќи ја престижниот Златен медал на Меѓународната Изложба на Ликовни Уметности во Стаклената Палата во Минхен.  Голем број на негови дела се наоѓаат денес во перманентната колекција на Музејот на Дрезден.

Георг Ханел ја посетува Македонија во 1917-1918та година, најверојатно во улога на Германски воен сликар. Издработува голем број маслени слики и акварели, цртајќи најчесто пејсажи од Прилеп и Прилепско. Еден акварел од селска сцена со жени кои што перат на извор се наоѓа во колекцијата на авторот на книгава. Други примери од неговиот “Прилепски„ период се “Македонки во народни носии 1918„ продаден од аукциската куќа Martin Wendl од Рудолфштад, Германија на 6ти Март 1999 (објект број 3099). Одреден број на слики со Македонски мотиви, како на пример акварелот “Македонски Тутунски работници„, се во перманентната колекција на Градската Галерија на Дрезден.

 

Авторот ја изразува својата длабока благодарност на внуката на сликарот, госпоѓа Кристине Ханел од Јужна Африка, за споделените информации за артистот.

 

Special thanks to the granddaughter of the artist, Mrs. Christine Hänel from South Africa for providing me information about the artist.

Прилеп, 1918 , акварел
Прилеп, 1918 , акварел
Македонски овчар со стадото
Македонски овчар со стадото
Жени во Македоснки носии 1918
Жени во Македоснки носии 1918
Жени во Македоснки носии 1918
Жени во Македоснки носии 1918
Манастирот Свети Архангел Михаил, Прилеп 1917, молив
Манастирот Свети Архангел Михаил, Прилеп 1917, молив
Манастир Свети Архангел Михаил , Прилеп 1917, акварел.
Манастир Свети Архангел Михаил , Прилеп 1917, акварел.
Georg Hänel, Прилеп , планини
Georg Hänel, Прилеп , планини

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Учителот од Охрид
Приказни

Учителот од Охрид

Проектот „Лексикон“ започна една декемвриска вечер во 2004 година. Семејството спиеше, а јас се забавував со моето омилено вечерно хоби – барање интересни слики на

Повеќе »

Следете не