Малку познат Британски сликар, регистриран е во ликовните лексикони и неговите слики се појавуваат на аукции низ Европа. Служел војска во Британската армија во Солун  1917та, каде што го насликал болничкиот брод “Lanfranc” кој отпловува од Солунското пристаниште со планината Атос во позадина. “Lanfranc” можел да смести околу 403 ранети. Потопен бил од Германска подморница UB40 на 17ти Август 1917, при пристигнувањето во Саутемптон, при што загинале 17 Британски и 17 Германски пациенти. Сликата е продадена од аукциската куќа Bonhams  од Лондон на 26ти Јуни 2006 (објект број 967) а подоцна била на продажба од галеријата  David Cohen Fine Art од Лондон.

Бродот од неговото Височество Lanfranc испловува од Солун, Планината Атос во позадина.
Бродот од неговото Височество Lanfranc испловува од Солун, Планината Атос во позадина.

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

1958 година - Историска година за македонската кинематографија.
Приказни

Аферата „Мис Стон“

1958 година – Историска година за македонската кинематографија. „Мис Стон“ – првиот македонски и југословенски филм во боја, снимен со, за тогашни услови, напредната оптичка

Повеќе »

Следете не