Роден на 14ти Јуни 1878 во Шарпетри, починал во Рем на 14ти Ноември 1946. Жан Гулден бил доктор по медицина, сликар и дизајнер познат по неговите емајли/глазури. Најпрво бил венчан со Сибил Булок-Хал, а потоа во 1925 со Доли Шмет, ќерка на познатиот Франсоа-Луи Шмет (1873-1941) со кого ќе соработува во текот на целата негова уметничка кариера. Исто така блиску соработува со Жан Дуданд и Пол Жув.
За време на Големата Војна, Жан Гулден бил мајор во Источните Армиски единици, стационирани во Солун а потоа преместени на Дарданелите. Изработува серија на цртежи и акварели од Македонските предели, инспирирани од локалните етникуми и архитектура. Еден пример од овие дела е цртежот “Македонска Куќа„ продаден од аукциската куќа Tayan во Париз, Франција во 28ми Мај 2002 (објект број 49). Неговите дела од Мaкедонскиот воен период се подоцна отпечатени од страна на Франсоа-Луи Шмет во книгата “Солун, Македонија Атос„ од 1922 година. (вкупно 18 сцени од Солун, 7 пејсажи од Македонски долини и 17 пејсажи од планината Атос). Еден редок примерок од оваа книга (која е отпечатена во само 70 примероци) е продадена од аукциската куќа Sotheby’s во Лондон, на 9ти Септембер 2003 за 7200 фунти.