Роден во Финчамстед како Годфри Џервис Гордон, и образован во Марлборо колеџот како и Училиштето Труло. Бил сликар и графичар и изложувал во Британија, Европа и Америка. Но исто така е познат како ликовен критичар кој пишувал за магазините Нов Сведок, Обсервери Земја и Вода. Ја издава книгата Модерни Француски Сликари во 1922. Исто така пишува патописни книги заедно со својата сопруга, сликарката Кора Џозефина Тарнер.
Јан Гордон и неговата сопруга Кора, ја посетуваат Србија, Црна Гора и Македонија во 1915тата година, во склоп на нивната служба во единицата за помош од Кралската Јавна Болница, водена од еминентниот доктор Џејмс Бери (подоцна прогласен за витез) и неговата жена која исто била доктор. Им помагале на Србите кои што биле нападнати од Австро-Унгарските сили кои напредувале кон југот, и кои што многу пателе од постојаната појава на епидемии на тифус. Авантурите на Јан и Кора се опишани во нивната прва книга “Среќна тринаесетка„, подоцна ре-издадена како “Два багабонти во Србија и Црна Гора„. Јан Гордон изработил серија на цртежи од Скопје и дриги делови на Северна Македонија како илустрации за оваа книга. Детални информации за животот на Јан и Кора Гордон можат да се најдат на интернет страницата: http://janandcoragordon.co.uk