Роден на 29ти Јули 1894 во Аугсбург, починал на 13ти Фебруари 1989 во Дизелдорф. Германски сликар и ко-основач на важната Германска експресионистичка група наречена “Млада Рајна ( Das Jungen Rheinland)„. Студира во 1913тата на Дизелдорфската ликовна академија кај Лео Спатз и Макс Кларенбах. За време на Првата Светска Војна служи како официјален воен сликар во Германската армија во Македонија во периодот 1915-1918. По враќањето во Дизелдорф, ги продолжува ликовните студии се до 1921ва , како магистерски студент. Во 1919та ја формира групата “Млада Рајна„. Во 1920тите се венчава со сликарката и колекционарката Лоре Кегел. Во текот на неговата кариера, бил во контант и соработувал со познати сликари, како на пример- Ернст Барлах, Ото Панкок, Герт Хајнрих Волхеим, Марк Шагал, Франц Марк, Оскар Кокошка, Аугуст Маке и други сликари кои оставиле траен белег на неговата кариера и уметнички стил.
Еден пример од неговиот Мaкедонски период е сиката насловена “Улица во Турска чаршија скопје, декорирана за празникот Свети Кирил, 1917„. Одреден број на бакрорези и графики со Мaкедонски мотиви можат да се најдат во книгата “Ричард Геснер – Рани графички дела 1913-1924“ и се во споственост на авторот на овој лексикон