Анри Жервес (Шарл Мило) (1880 – 1959), Французин

Француски сликар, илустратор, патописец и поморски офицер, роден во 1880та во Весул, Франција, починал во 1959та во Буенос Аирес , Аргентина. Го користел псеудонимот Шарл Мило. Неговиот живот и дело е опишано во книгата “Жервес – Сликар и морнар„ од Жак Ширман. Го посетил Солун во 1916тата година како попатна станица кон Дарданелите и Блискиот исток. За време на својот престој во Солун, изработува серија на илустрации кои ја отсликуваат културната расновидност и разноликите армиски офицери по улиците на Солун. Делото долу е насловено како “Сцена од улица во Солун„  и е дел од уметничката колекција на Ликовниот мусеј во Сан Франциско.

Солун 1916
Солун 1916
Солун 1916
Солун 1916

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Ликовната галерија во Империјаниот воен музеј во Лондон, 2018
Приказни

Браќа со оружје

          Империјалниот воен mузеј, Лондон, 2018 година. Се спрема големата изложба со наслов „Да не заборавиме“ (Lest we forget) по повод 

Повеќе »

Следете не