Роден на 06-01-1875 во Нанси, починал на 14-12-1952 во Рао Летап (Лувињи). Студиран на Ликовната Школа во Нанси а подоцна на Школата за Ликовни Уметности во Париз  каде што бил студент на Лук Оливиер Мерсон. По завршувањето на ликовните студии е регрутиран во Француската армија, и служи војска во Конго, честопати да биде праќан во комплетно непознати таритории. Поради мобилноста на војната служба, се посветува на акварелна техника. Во 1901 година се сели во Шпанија, каде што ја усовршива својата техника и започнува со изложување во Париските галерии. Во 1914та е повторно регрутиран и исптратен во Македонија и на Дарданелите. По завржување на војната , започнува да се бави со уметничко стакларство во Арле. Од 1932, живее во Лувињи и работи како историчар во Восгеската шума.

Емил Жерлаш ја посетил Македонија во 1917 како војник во Големата Војна. Стациониран бил во Солун. Еден пример од неговиот Мaкедонски период е акварелот насловен како “Солун 1917, Црква на светите апостоли„ продадена на Ebay, во Јуни 2010.

Солун 1916 црква на светите апостоли
Солун 1916 црква на светите апостоли

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Наспроти судбината
Приказни

Наспроти судбината

„Кога животот ќе фрла лимони по вас, фрлете му ги лимоните назад“ е мисла која американскиот писател и предавач Дејл Карнеги ја напишал во својата

Повеќе »

Следете не