Рoден на 17ти Август 1878 во Ландшут, починал на 11ти Фебруари 1971 во Минхен. Во 1898/99 студира на Минхенското училиште за применети уметности а подоцна на Техничкиот Универзитеткаде што го положува државниот испит во цртање. Од 1903та студира на Минхенската Ликовна академија во класата на Франц вон Штук и Петер Хулм. Добитник е на Националната ликовна награда и стипендија Штук. Патува во Шпанија, Италија и Северна Африка. Добитник е на наградата Вила Романа во 1910та за неговите графички дизајни. Работи на графики заедно си Ричард Демел и Франк Ведекинд. До 1914та живее во Берлин а потоа се сели во Минхен каде што работи како професор на Школата за Декоративна Уметност. По Првата Светска Војна се посветува на цртање портрети. По доаѓањето на власт на нацистите во Германијанеговата уметност е прогласена за „дегенерична“. По војната, продолжува со ликовна уметност и од 1946та е професор на колеџот за ликовни уметности во Минхен. Во 1951ва ја добива наградата за култура од градот Минхен каде живее до неговата смрт.
Вили Гајгер ја посетува Македонија во краток период во 1916та каде што служи во Германската војска како височински набљудувач од балон. Изработува низа на цртежи кои подоцна ги претвора во графики и кои се објавени во една многу ретка книга насловена „Гајгер Вили, 10 литографии од источниот фронт“. Еден примерок од таа книга е продаден од аукциската куќа Bassenge од Берлин во Октомври 2012 ( објект број 3770 за 4000 евра.
Добар објект за Вашата македонска колекција
Еве еден совет за секој што сака да започне своја колекција на уметност и фотографии поврзани со Македонија од периодот 1850-1950 година: германска книга објавена