Роден на 1ви Мај 1876 во Гранзее во близина на Нов Рупин, починал во 1946 во буенос Аирес Аргентина. Одкако направил голем број студиски патувања, живеел во Вимпфен кај Некар од 1918та година во 1923 се сели во Чикаго САД а потоа во Јужна Америка, најпрво во Лима, Сатиаго де Чиле, Рио де Жанеиро и Буенос Аирес. Студирал Декоративно Сликарство на Ликовната Академија во Дизелдорф од 1900 година во класата на професор Петер Јансен, и од 1902 на Ликовната Академија во Берлин во класата на Г.Л. Мејн и Артур Кампф. Добитник е на големата државна награда во 1908 и добива студиско патување во Италија.

Во периодот помеѓу 1914-1918, Алберт Гарман е официјален воен сликар на Германската армија во Русија и Македонија. Најсликува голем број на македонски пејсажи, градски сцени и воени сцени, воглавно следејќи го движењето на германската  и бугарската армија. Голем број на негови слики се публицирани во Германските воени магазини

Неколку негови слики со Македонски мотиви се продадени од различни аукционерски куќи, на пример, сликата со наслов “Македонска девојка во народна носија 1916„ е продадена од аукциската куќа  Zofinger,  од Зофинген , Швајцарија на 1ви Декември 2001 (објект број 2452).

На пазарот во Прилеп 1916
На пазарот во Прилеп 1916
Крушево 1916
Крушево 1916
Дождлив ден во Струмица
Дождлив ден во Струмица
Albert-Gartmann-1876-1955-
Albert-Gartmann-1876-1955
Бугарска армија и коњи крај Крива Паланка 1915
Бугарска армија и коњи крај Крива Паланка 1915
Македонки во Крушево 1916
Македонки во Крушево 1916
Македонски татко и невеста
Македонски татко и невеста

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Дегенерираните
Приказни

Дегенерираните

Академијата за ликовни уметности Виена (Akademie der bildenden Künste Wien) е основана во 1692 година како австриски одговор на Рим (Accademia di San Luca) и

Повеќе »

Следете не