Роден во 1884 во Ле Хавр, починал во 1965 во Монтрол. Изложувал во Париз во Салонот на Француски Артисти во 1928. Направил група цртежи во познатата воена Француска кнуга “’la Guerre Raconté par Nos Généraux“ од 1920 година, посветена на Големата Војна видена од Француски аспект.
Андре Фремонт бил во Македонија помеѓу 1916 и 1917 година, најверојатно во служба на званичен воен сликар. Нацртал најмалку две слики: “Поп и продавач на овошје, пазар во Гумиџе 1916„ гваш на хартија, продадена од аукциската куќа Claude Aguttes S.A.S. во Париз, Франција на 2ри Јуни 2008 (објект број 220), и “Македонски овчар и трупите во планина, Извор 1917„ гваш на хартија, продаден од аукциската куќа Schmidtz-Laurent (S.V.V) во Париз на 18ти Март 2007 (објект број 30).
Сликата „Биволи, сувенир од Македонија 1917“ е продадена од аукциската куќа Росини, Франција, на 29ти Јуни 2012 (објект 75), на авторот на оваа енциклопедија.