Роден на 23ти Април 1869 во Ле Ман (Сарте), починал во Париз во 1956. Доминик Шарл Фукре е значаен Француски поморски сликар со блиски професионални врски со Француската морнарица. Додека останатите Француски сликари потполно се втурнале во иновациите и раѓањето на импресионизмот, тој се посветува на строг реализам во романтичното претставување на Француската поморска историја. Ваквиот негов стил го прави популарен илустратор за публикации и книги, вклучувајќи ги и делата на Ријнард Киплинг.
Започнува со изложување во Салонот на Француски Артисти пред својот 21ви роденден. Студирал под водство на портретистот Александер Кабенел и историскиот сликар Фернанд Кормон. Нивното влијание е големо во композициите на Фукре, но уште поголемо влијание во неговиот стил одиграле настаните од Првата Светска Војна. Станува званичен воен сликар на Француската морнарица и плови кон Француските колонии во Африка, Азија и Австралија. Добива одреден број на уметнички награди во неговата кариера и е одликуван со Медал на Легијата на Честа во 1909та. Неговите најзначајни уметнички дела од Првата Светска Војна се наоѓаат во Музејот на Големата Војна во Париз.
Фукре го посетува Солунското пристаниште кон крајот на Првата Светска Војна. Неговата слика насловена “Пристаниште во Солун 1918„ е продадена од аукциската куќа Christie’s во Париз, на 25 Март 2005 (аукција број 5400, објект број 859 ) за 5400 евра.