Томас Кантрел Дагдејл (1880 – 1952), Британец

Британски сликар на портрети и сцени, декоратор и дизајнер на текстил. Роден е на 2 Јуни 1880 во Блекбурн, починал на 13ти Ноемвски 1952 во Лондон. Студиран на Ликовната Школа на Манчестер, Кралскиот Ликовен Колеџ, Градската Ликовна Школа на Кенингтон, академијата Џулиан и атељето Колароси во Париз. Изложувал во Кралската Академија во 1901 и во Ликовниот Клуб на Нова Англија. Служел во Британската армија како поручник од 1910та и бил во Египет, Балканот, Дарданелите, Галиполи Турција и Палестина во периодот помеѓу 1914-1918. После војната изложувал во Лечестер галеријата во 1919 слики од Палестина, Сирија, Македонија. Се оженува со Ами К. Броунинг , исто сликарка, во 1916. Неговите слики можат да се најдат во уметничките колекции на галеријата Тејт во Лондон, Кралскиот Воен Музеј во Лондон , итн.

Томас Дагдејл ја посетува Македонија во 1917та година, каде што служи во Британските сили лоцирани околу Дојранското езеро. Неговата слика “Бомбандирањето на Бугарските ровови, Дијран на Балканот“ денес е во колекцијата на Кралскиот Воен музеј во Лондон.

Бомбардирање на Бугарските ровови, Дојран 1917, гваш.
Бомбардирање на Бугарските ровови, Дојран 1917, гваш.

Оставете порака

Споделете :

За мене

Vlatko potpis s

Овој лексикон е плод на моето 15-годишно истражување и запишување на странски сликари, вајари, илустратори и фотографи кои ја посетиле географската територија на Македонија и креирале уметничко дело во Македонија во 100 годишниот период 1850-1950. Ова е културен аманет кој му припаѓа на сите етнички групи и денешни држави во чии граници има дел од географска Македонија. Сите ние треба да сме горди на овој аманет. Верувам дека оваа уметност инспирирана и креирана во Македонија е нешто што нѐ зближува во овие тешки времиња.

Рандом Приказна

Дегенерираните
Приказни

Дегенерираните

Академијата за ликовни уметности Виена (Akademie der bildenden Künste Wien) е основана во 1692 година како австриски одговор на Рим (Accademia di San Luca) и

Повеќе »

Следете не