Лојзе Долинар е еден од најпознатите словенечки скулптори од XX-тиот век. Роден е во 1893 година во Љубљана. Неговите рани скулптури се во стилот на академски реализам, симбоизмот, германската сецесија и се создадени во духот на живописната, импресионистичката и ново-барокната модулација, додека тој исто така пристапува и кон експресионизмот. По краткиот престој во САД во 1920 година, се фокусира кон архитектонската вајарска уметност во која ги следи и античките, како и модерните модели. Нарачките за архитектонска вајарска уметност довеле до негово преселување во Белград во 1931 година. Во периодот меѓу двете светски војни е еден од најбараните скулптори за монументални спомениците, создавајќи меѓу другите, надгробната плоча на д-р Јанез Крек, два споменици на коњаници во Љубљана, и споменикот на паднатите студенти-војници во Скопје. Во 1946 година се зачленува во белградската академија за ликовни уметности, стекнувајќи професорство во 1949 година, каде се специјализирал во дизајнирањето на монументалната, малку модернизирана и целосно извајана човечка фигура прикажана во чинот на изведување херојски пози. По Втората светска војна, следуваа нови нарачки. Неговата последна голема скулптура била Споменикот на револуцијата во Крањ, каде живеел откако се пензионирал. Во 1966 година, долната и горната сала на градското собрание Крањ биле украсени со графички и вајарски уметнички дела, кои Долинар ги донирал на општината Крањ. Починал во Ичичи во близина на Опатија во 1970 година.
Долинар го посетил Скопје во 1935 година за време на изградбата на неговиот споменик во чест на паднатите српски студентски војници во Балканот и Големата војна. Споменикот бил уметничко ремек дело составено од повеќе бронзени елементи (на врвот била симболот на Мајката татковина со меч, на задниот дел била српска мајка на паднатите војници која тагува) на висок мермер фундамент. Споменикот бил уништен од бугарската армија за време на Втората светска војна. Во 1949 година тој повторно го посетува Скопје и ја изработува бронзена статуа на Никола Тесла, која денес е во задната градина на Електротехничкиот факултет во Скопје.