Роден во Обермеиса крај Минхен 1880, починал во Траунштајн 1961. Студент на Л. Поле, Ц. Банзер и Г. Куел од Дрезденската Ликовна Академија. Студирал сликарство во Берлин, Париз и Минхен. Ужива репутација на исклучително важен претставник на Дрезденската импресионистичка школа. Бил професор по сликарство на академијата во Малсал во периодот помеѓу 1935-45. За жал, голем број од неговите слики се уништени за време на бомбардирањето на Дрезден во Втората Светска Војна. Неговото студио во Дрезден е целосно уништено на 2ри Фебруари 1945 година. Некои од неговите зачувани слики можат да се најдат во Градскиот музеј на Дрезден.
Дитце ја посетува Македонија во периодот помеѓу 1916-18 година во Скопскиот регион. Креира неколку масла на платно , акварели и бакрописи со Македонски мотиви од тоа време. На пример маслото на панел насловено “Пејсаж од виадуктот во Скопје„ (продадена од аукциската куќа Schmidt од Дрезден на 10-12-2005 и денес во сопственост на авторот на оваа книга), и акварелот насловен “Харем крај Скопје„ (продаден од аукциската куќа Van Ham од Келн на 03-08-2004), акварелот “ Скопје 1917 со поглед на старата чаршија„ сво сопственост на авторот , “Германска воена колона покрај Дојранското Езеро, 1917)„ ( во сопственост на авторот) и бакрописите со пејсажи од Скопје и реката Радика (во сопственост на авторот), МАслото на панел “Во кампот на бандитите, Македонија 1917“ продадено од аукциската куќа Dorotheum во Виена, Австрија во Април 2011та ( сопственост на авторот).